Торино му даде отказ на Валтер Мацари

Валтер Мацари доби отказ од тренерската позиција во италијанскиот калчолигаш Торино. Серијата лоши резултати во последните две недели, дури четири порази и 17 примени голови беа кобни за досегашниот тренер.

Торино доживеа дебакл од Аталанта на домашен терен (0-7), што е највисокиот пораз во 113-годишната историја на клубот пред своите гледачи. Беше елиминиран и од Милан во Купот на Италија. Раководството одлучи да се раздели со Валтер Мацари.

Како што откриваат италијанските меиуми, најсериозен кандидат за нов кормилар нма Торино е Морено Лонго, тренер кој работеше во младинските категории на Торино, а од 2018 година е без работа.

Се вчитува...