Солскјер: Куќата ја урнавме до темел, моравме да елиминираме играчи

Менаџерот на Манчестер Јунaјтед, Оле Гунар Солскјер, верува дека неговиот клуб ќе има успеси во иднина и ги повика навивачите на трпение со оглед дека како што вели „во тек е комплетна реконструкција“. Јунајтед е на шестата позиција на табелата во Премиер-лигата со шест бода помалку од четвртопласираниот Челси. На последните три средби има два порази и едно реми.

„Како што кажав минатата недела како и таа претходно, пред еден или два месеци – ова е реконструкција. Моравме да ја урнеме куќата до темели и да ги елиминираме играчите кои не беа комплетно фокусирани на Јунајтед. Сега имаме играчи кои ќе вложат дополнителен напор на теренот. Мора да бидеме трпеливи. Ова е потполно поинаков тим од сите шампионски на Фергусон. но, сето тоа може да се промени за неколку години“ – вели Солскјер.

По зимската пауза која сезонава првпат е воведен во Премиер-лигата, Манчестер Јунајтед на 17.февруари се соочува со Челси.

Се вчитува...