Артета: Уште сме далеку од тоа што го посакувам

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета се надева дека неговиот тим во наредниот период ќе заигра многу подобро и дека фудбалерите ќе ја исполнат неговата замисла. Арсенал во 25. коло ремизираше со Барнли 0-0.

„Мораме да напредуваме. Во овој момент сме далеку од тоа што го посакувам во нападот. Но, потребно е време. Се надевам дека на прав начин ќе ги искористиме следните две недели. Во последните два – три месеци многу работи се случија. Фудбалерите преживеаја секакви работи“, изјави Артета. 

Следен противник на клубот од Лондон ќе биде Њукасл.

Се вчитува...