И Естонците подмладуваат пред дуелот со Македонија

Естонскиот селектор Јука Тојала го објави поширокиот список од 24 кошаркари, од кои потоа ќе ги избере играчите кои на 20 февруари ќе излезат на мегдан против Македонија.

И Естонците како и нашата селекција, ќе влезат во новиот квалификациски циклус со подмладен состав, а од поискусните кошаркари Тојала ќе смета на Кристиан Куламае, Стет-Тиму Сок, Мартин Дорбек. Селекторот на Естонија најави прес-конференција за среда, кога ќе го скрати списокот одредувајќи го оние кои ќе треба да се појават на првиот ден од подготовките.

По дуелот со Македонија, селекцијата на Естонија во второто коло на домашен терен ќе ја пречека Италија.

ПОШИРОКИОТ СПИСОК НА ЕСТОНИЈА:

Кристијан Куламае, Стен-Тиму Сок, Кер Криса, Раит-Риво Лане, Раин Вајдеман, Јан Пуидет, Хенри Дрел, Мик Јуркатамам, Мартин Дорбек, Роберт Валге, Ерик Кедус, Мартин Пасоја, Сандер Раиесте, Јанари Јесар, Танел Курбас, Сим-Сандер Вене, Микел Кирвес;

Се вчитува...