Видео-порака од Елмас: Форца Наполи засекогаш

Елиф Елмас го постигна својот прв гол во дресот на Наполи, играјќи важна улога во победата од 2-4 на гостувањето против Сампдорија. „Наполитанците“ првпат по подолго време врзаа две победи во низа, а во центарот на вниманието беше токму „македонскиот дијамант“, кој со прикажаната игра покажа дека заслужува многу поголема минутажа и во периодот што следи.

Токму Елмас со видео-порака преку официјалниот твитер-профил на Наполи им ја честиташе победата на сите навивачи на својот тим.

„Добровечер на сите. Форца Наполи засекогаш“, порача Елмас.

Се вчитува...