Манчестер Сити не е ниту бледа сенка од тимот што лани доминираше на терените ширум Англија, битката за титулата е загубена, а Пеп Гвардиола не може да најде решение за проблемот што станува се поочигледен, и тоа непосредно пред двомечот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
По поразот од Тотенхем каталонскиот стратег ги чувал фудбалерите заклучени во соблекувална 45 минути, но последните информации говорат дека Гвардиола го немал последниот збор во овој конфликт. Имено, играчите отворено му се спротивставиле на својот тренер, вината за слабата форма барајќи ја во честите ротации што тој ги прави во стартниот тим. Поради ова голем дел од фудбалерите не можат да влезат во посакуваниот ритам, па едногласен бил ставот дека во иднина треба да има помалку ротации.
Статистиката го потврдува овој став на фудбалерите на Сити, Гвардиола досега направил дури 76 промени во стартниот тим во однос на секоја претходна средба. Втор на оваа листа е Френк Лампард од Челси со 60 ротации, додека Јирген Клоп, кој е апсолутен лидер со Ливерпул, има направено само 46 ротации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

