„Игало е доказ дека најдобрите не сакаат во Манчестер Јунајтед“

Поранешниот фудбалер на Челси, Ејдур Гудјонсен смета дека доаѓањето на Одион Игало во Манчестер Јунајтед е показател дека „црвените ѓаволи“ веќе не се во состојба да ги донесат најдобрите фудбалери во светот.

„Мислам дека најдобрите фудбалери веќе го немаат Манчестер Јунајтед на списокот на желби кога се во прашање трансферите. За „ѓаволите“ врвниот квалитет престана да биде достапен“, изјави Гудјонсен. 

Искусниот, 30-годишник во Јунајтед месечно ќе заработува по 100.000 фунти, а во Премиер-лигата настапуваше за Вотфорд во периодот од 2014 до 2017 година, каде на 99 меча постигна 39 гола.

Се вчитува...