Адеми: Цел ми е да играм Европско првенство со Македонија

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми најверојатно до крајот на кариерата ќе остане во редовите на Динамо Загреб, откако ја одби богатата понуда од Обединетите Арапски Емирати и потпиша нов петгодишен договор со клубот од главниот град на Хрватска. Тој за хрватските медиуми говореше за кариерата во Динамо, но и за желбата со Македонија да настапи на Европското првенство.

„Планирам да останам во Динамо Загреб до крајот на кариерата. Единствено нешто што може да ме предомисли е убава понуда од некој од клубовите од топ 5 лигите во Европа. Тоа се понуди поради кои почнав да се занимавам со фудбал. Искрено бев блиску до преселба на Емиратите. Се беше договорено и навистина ми е жал што на некој начин излегов некоректен кон Крун Јурчиќ. Му се извинувам во оваа можност“, изјави Адеми. 

Цел на Адеми во новата година е и учество на Европското првенство 2020 со нашата репрезентација.

„Прво не чека Косово, а потоа во финалето најверојатно ќе играме против Грузија. Секако дека сакам да играм на Евро“, заврши Адеми. 

 

Се вчитува...