Проблем за Баерн Минхен: Перишиќ со фрактура на глуждот

Германскиот првак Баерн Минхен во наредните триесетина дена ќе биде без крилниот играч Иван Перишиќ кој заработи фрактура на глуждот. Тој ќе ги пропушти важните натпревари на баварскиот тим против Лајпциг во Бундес-лигата и против Челси во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Хрватот се здобил со сериозна повреда на денешниот тренинг. Над него грубо стартувал Алваро Одриозола, по што Перишиќ бил изнесен од теренот со количка за голф.

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик, има големи проблеми со повредени фудбалери, надвор од ритам се Кингсли Коман и Серж Гнабри, па на левата крилна позиција против Хофенхајм најверојатно ќе настапи Фелипе Кутињо.

Се вчитува...