Елиф Елмас нема да може да настапи за Наполи на претстојниот дуел против Лече по суспензијата што македонскиот репрезентативец ја заработи поради собрани жолти картони во досегашниот дел од сезоната. Елмас го постигна првиот гол во дресот на „наполитанците“, но заработи и картон што значеше автоматска суспензија за претстојниот викенд.
Покрај Елмас, со еден меч неиграње е казнет и младиот дефанзивец на Интер, Алесандро Бастони, како и Лоренцо Пелегрини од Рома, кој поцрвене при поразот на „волчицата“ од Сасуоло. Идентични суспензии им беа изречени и на Амрабат (Верона), Бехрами (Џенова), Чигарини (Калјари), Де Рон (Аталанта), Поли (Болоња), Торегрос (Бреша) и на Ромеро (Џенова).
Фиорентина беше казнета за однесувањето по поразот од Јувентус, Џанкарло Антоњони ќе треба да плати 25.000 евра за лудувањето во соблекувалната по натпреварот, Даниеле Праде е казнет со 20.000 евра, а Џузепе Бароне со 10.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

