Шпанскиот голман Кепа Аризабалага дојде на „Стемфорд бриџ“ како огромно засилување во август 2018, но не успеа да ги оправда вложените средства. Менаџерот на Челси, Франк Лампард, го седна и на клупата за резерви, а медиумите на Островот открија дека причините за слабата форма се во разделбата со долгогодишната девојка Андреа Перез.
Тие се забавувале седум години, а ставиле крај на љубовната врска откако Кепа се преселил во Лондон. Андреа не сакала да се пресели и да почне живот во Лондон со голманот на Челси и решила да се раздели со долгогодишната љубов. Ова многу влијаело на емотивниот живот на Кепа Аризабалага и секако се рефлектирало и на неговите настапи во Премиер-лигата.
Шпанецот пристигна на „Стемфорд бриџ“ за сума од 71 милиони фунти од редовите на Атлетик Билбао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

