Лајпциг е во криза – испадна и од Купот на Германија

Резултатската криза на Лајпциг сериозно се продлабочи, овој тим за петнаесетина дена го загуби лидерското место во Бундес-лигата, а згора на тоа вечерва беше елиминиран и од Купот на Германија.

Токму Ајнтрахт ја отвори „црната серија“ на Лајпциг со триумф од 2-0 во домашното првенство, а сега истиот тим го зеде скалпот на фаворитот и во националниот куп, славејќи со 3-1. Силва од пенал го отвори резултатот во корист на домаќините, а на 2-0 во второто полувреме зголеми Костиќ. Дани Олмо го постигна својот прв гол во дресот на Лајпциг намалувајќи на 2-1, но точка на победата на Ајнтрахт стави Костиќ во судиското продолжение од натпреварот.

Фортуна Дизелдорф се пласираше во следната рунда по победата од 2-5 на гостувањето против Фортуна Дизелдорф, и тоа со четири гола во второто полувреме откако домаќините по првите 45 минути игра имаа водство од 2-1.

Се вчитува...