Кјелини се врати на тренинзите на Јувентус

Капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини, се врати на тренинзите на тимот откако ја надмина повредата на коленото, објави клубот на официјалниот сајт. Дефанзивецот на „старата дама“ посериозно го повреди коленото на првиот натпревар во сезоната и оттогаш е надвор од терените.

„Џорџо Кјелини се врати на тренинзите, делумно, но тренира со тимот“, се вели во соопштението на Јувентус.

Во следното коло од Серија А, Јувентус ќе и гостува на Верона.

 

Се вчитува...