Меси му возврати на Абидал: Бадијала критики, ако не кажеш имиња…

Најголемата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси, му одговори на спортскиот директор Ерик Абидал за општите критики дека фудбалерите на каталонскиот тим не се залагале доволно и дека голем дел од нив не биле задоволни со поранешниот тренер Ернесто Валверде. Аргентинецот побара Абидал да каже конкретни имиња за да не остане се во сферата на шпекулациите.

„Ако зборува дека некои фудбалери не биде задоволни од поранешниот тренер и не се залагале доволно на тренинзите и на натпреварите, треба да каже и имиња. Во спротивно, мислам дека така ги навредува сите фудбалери во клубот“, изјави Лионел Меси.

Ова дефинитивно е уште една потврда дека атмосферата на „Камп Ноу“ не е најпријатна откако Барселона го загуби првото место на табелата од Реал Мадрид.

Се вчитува...