Ливерпул победува и кога игра со „деца“ – со смешен автогол до дуел со Челси

Ливерпул дури и со својот младински состав успева да победува сениорски екипи, откако „црвените“ славеа на дуелот против Шрусбери со 1-0.

Јирген Клоп воопшто не го водеше тимот, на теренот на „Енфилд“ немаше ниту еден сениорски фудбалер, но „црвените“ и со играчи не повозрасни од 19 години успеаја да стигнат до осминафиналето, каде Ливерпул го очекува дерби-дуел со Челси.

Шрусбери имаше поништен гол со ВАР на почетокот од второто полувреме, а клучен момент беше 75. минута, кога по едно долго додавање на десниот бек Вилијамс, еден гостински дефанзивец со неспретна интервенција го изненади сопствениот голман и ја смести топката во мрежата.

Се вчитува...