Стевче Алушовски нема да има лесна задача на својот прв меч како тренер на Вардар во Лигата на шампионите, на гостински терен против лидерот на групата Кил. Стратегот на „вардарци“ нема да може да смета на неколку првотимци, а во отсуство на голманот Кугис, Алушовски реши да му даде шанса на младиот Гогов како резервен голман, давајќи му предност во однос на репрезентативецот Марко Кизиќ.
Поради инфекција на увото во тимот на „вардарци“ вечерва ќе го нема ниту Шишкарев, а извесно време повреден е и Дисингер. Добра вест е што Алушовски ќе може да смета на Толедо и Горбок, со кои бековската линија ќе добие на квалитет.
На спротивната страна, „зебрите“ во официјалниот записник вклучија само 14 ракометари, Јиха на располагање ќе го нема Швеѓанецот Нилсон, но тренерот на Кил сепак има моќен тим со кој ја има улогата на огромен фаворит на денешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА