Спринтерката од Јамајка и една од најдобрите на сите времиња, Шели Ен Фрејзер-Прајс најавува напад на злато на своето четврто учество на Летните олимписки игри. Во септември минатата година таа се врати по двегодишната пауза поради раѓањето на нејзиниот син Зајон. Го освои златото на сто метри на Светското првенство во Доха, со што стана највозрасна атлетичарка која успеала да стигне до најсјајното одличје на мундијал или Олимписки игри.
„Дефинитивно верувам дека е можно и покрај годините кои ги имам. Имав време ментално да се фокусирам на целите и на тоа што сакам да го направам. Едвај чекам да се појавам на моите четврти Олимписки игри. План ми е да трчам на двете трки, иако мојот тренер беше против тоа бидејќи се враќам после пауза. Ќе се обидам да бидам компетитивна и на 100 метри и на 200 метри и мојата програма е направена по тој план“, изјави Прајс.
Таа во Пекинг 2008 и во Лондон 2012 го освои златото во трките на 100 метри, а во Рио де Жанеиро беше трета зад Илејн Томпсон и зад Тори Боуви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА