Кристијано Роналдо денеска го слави 35. роденден, а една од најоригиналните честитки пристигна од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Првиот човек на „кралевите“ изнајмил цела страница од португалскиот весник „Рекорд“, објавувајќи фотографија од Роналдо со порака „Честитки до најдобриот фудбалер во светот. Се уште многу се сеќаваме на тебе“.
Возраста не е никаков проблем за Кристијано, тој веќе постигна 22 погодоци за Јувентус (19 во Серија А, 2 во ЛШ и еден во Купот на Италија). Роналдо досега има постигнато 722 погодоци во кариерата, пет за Спортинг Лисабон, 118 за Манчестер Јунајтед, 450 во дресот на Реал Мадрид, 50 за Јувентус и 99 во дресот на португалската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

