Фудбалерите на Охрид ремизираа во меч со осум гола на снегот во Охрид со косовскиот прволигаш Кек.
На натпреварот кој се одигра под снежни услови на охридското крајбрежје, охриѓани имаа водство од 2-1 на полувремето но на крајот мораа да се помират со реми од 4-4.
Стрелци на головите за македонскиот второлигаш беа Вецко Вренцоски, Шериф Реџепи, Аце Целески и Александар Ѓорѓијески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА