Црвена Звезда стигна до десеттата победа во Евролигата оваа сезона совладувајќи го Панатинаикос на домашен терен со 78-73. „Црвено-белите“ одиграа неверојатна последна четвртина која ја добија со 32-16 и успеаја да направат голем пресврт против грчкиот тим. На мечот и двете екипи имаа по две „свои“ четвртини. ПАО отвори подобро и поведе со 9-21 по првите десет минути, но Црвена Звезда возврати уште посилно во вториот период (25-11) и на полувреме замина со девет поени предност. Панатинаикос повторно дојде во водство по одлично одиграната трета четвртина, но потоа уште пожесток беше одговорот на „црвено-белите“.
Кевин Пунтер постигна 24 поени во победничкиот табор, меѓу кои и клучната тројка за преземање на водството во финишот. Дешон Томас и Георгиос Папајанис уфрлија по 12 кошеви за Панатинаикос.
Фенербахче славеше на гости против Зенит со 68-73. Лео Вестерман беше стрелец на 13 поени, Костас Слукас уфрли 12, а Јан Весели постигна 11 поени во победничкиот состав. Остин Холинс и Густаво Ајон постигнаа по 16 поени во тимот на Зенит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА