Кошаркарите на Барселона славеа против Валенсија на гости со 76-77 во драматичен натпревар од Евролигата. Клучните поени ги постигна Никола Миротиќ на три секунди пред крајот кога со одличен дриблинг се ослободи од противникот и ја уфрли топката низ обрачот.
Валенсија водеше низ текот на целиот натпревар, но на крајот сепак се радуваше составот на Светислав Пешиќ кој сега има скор од 17 победи и 6 порази.
На почетокот на завршниот период Барселона имаше негатива од 15 поени (68-53), но следеше серија на гостите 0-11 по што влегоа во ритам и на крајот стигнаа до триумф.
Миротиќ го заврпи натпреварот со 26 поени и четири скока и беше убедливо најрасположен гостински кошаркар. Кај Валенсија, Сан Еметерио постигна 17 поени, а Бојан Дубљевиќ уфрли 14 поени и имаше 13 скока.
Макаби исто така славеше во драматична завршница против Химки во Тел Авив со 80-77. Израелскиот тим имаше негатива од 13 поени, но на крајот стигна до 15.победа во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА