По кризниот состанок во Барселона: Абидал останува, Меси разочаран

Шпанскиот шампион Барселона е во сериозна криза откако спортскиот директор Ерик Абидал во интервју за каталонски „Спорт“ ги прозва играчите дека ја носат целата одговорност за отказот на Ернесто Валверде. На тоа не остана нем Лионел Меси кој со остра објава на Инстаграм истакна дека виновни се и фудбалерите, но и раководството.

Токму поради тоа синоќа во кампот на Барселона долго траеше кризниот состанок на Абидал со претседателот на клубот, Бартомеу. Како што пренесуваат шпанските медиуми, заклучок од состанокот е дека Ерик Абидал останува спортски директор и веќе денеска патува со тимот во Билбао на натпреварот од кралскиот Куп против Атлетик.

Како што пренесува „Марка“, Бартомеу реализирал разговор и со Лионел Меси да ги смири тензиите во клубот, но Аргентинецот искажал разочарување од односот на Абидал и на крајот од одлуката за неговото останување на функцијата спортски директор.

И тренерот Сетиен се обиде да ја смири тензијата истакнувајќи дека за него сето тоа се неважни работи, а единствено целиот тим е концентриран на натпреварот со Атлетик Билбао.

„Разговаравме за тој случај една минута. Ете толку е тоа важно, а потоа се насочивме на фудбалот и натпреварот со Атлетик“ – вели Сетиен.

Се вчитува...