Лут и слободен во јули – Меси пред заминување од Барса?

Прекината е традицијата во Барселона, она што Меси ќе го посака – претседателите на каталонскиот гигант да го исполнат. Тој беше разочаран што управата не стори доволно за да му ја исполни желбата и да го врати Нејмар на „Камп Ноу“, но конфликтот се продлабочи откако претседателот Бартомеу реши да не го отпушти директорот Ерик Абидал.

Абидал ги критикуваше фудбалерите за недоволно залагање, Меси јавно го прозва како човек задолжен за трансфери кој не си ја заврши работата, потенцирајќи и дека доколку директорот сакал да потенцира проблем, требал да излезе со имиња. Се очекуваше состанокот меѓу Бартомеу и Абидал да резултира со отказ за директорот, но откако тоа не се случи шпанската спортска јавност одлуката на претседателот ја оценува како порака до Меси дека неговите барања повеќе нема да бидат „заповеди“ во клубот.

Аргентинецот е лут, но проблем за Барса е фактот дека тој има договор само до крајот на сезонава откако самиот иснистираше да преговара само за едногодишно продолжување на соработката. Весникот „Газета дело спорт“ веднаш објави листа од пет имиња кои би можеле да си дозволат да го доведат Меси во своите редови (се шпекулира со плата од најмалку 50 милиони евра по сезона).

На врвот е ПСЖ, францускиот гигант кој сигурно нема да жали при за да го убеди Меси да дојде на „Паркот на принцовите“. Во ситуација кога Мбапе е се понезадоволен и флертува со Реал Мадрид, „светците“ би можеле во Аргентинецот да доведат мегазасилување, воедно и да го убедат Нејмар да остане во овој клуб.

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити исто така се финансиски моќни за ваков мегатрансфер, „ѓаволите“ во Меси гледаат фудбалер што би го воскреснал тимот за повторно да се бори за трофеите, додека „граѓаните“ за адут во преговорите би го имале Пеп Гвардиола, со кого Аргентинецот имаше беспрекорна соработка во Барса.

Јувентус во последните две години покажа финансиска моќ за да се носи со најбогатите европски клубови. Ако Меси стане достапен, „старата дама“ сигурно ќе биде заинтересирана. Ќе биде интересно да се види дали може да се случи Меси и Роналдо да заиграат во ист тим, или пак можеби Португалецот ќе си замине (нешто што се најавуваше) на крајот од сезонава, а аргентинскиот генијалец ќе биде негов наследник во Торино.

Кинеските газди на Интер исто така се загреани за мегаѕвезда и се подготвени да влезат во „лицитација“ доколку најдобриот светски фудбалер стане слободен на пазарот. „Нероаѕурите“ се многу блиску до Јувентус во трката за скудетото, а со доведување на мегаѕвездата на Барса би направиле голем чекор кон врвот на италијанскиот фудбал.

Се вчитува...