Погба порача: Зошто би седел тука? Одам таму каде што ме сакаат…

Сосема е јасно дека Пол Погба во јунскиот преоден рок заминува од Манчестер јунајтед. Французинот тоа им го кажал на актуелните соиграчи, испраќајќи јасен сигнал дека не сака повеќе да остане на „Олд Трафорд“.

„Зошто би останал тука? Ќе одам таму каде што вистински ме сакаат…“ – истакнал Погба во соблекувалната на Манчестер јунајтед.

Францускиот репрезентативец се поврзува со Јувентус, клуб од кој во 2016 година за 105 милиони евра се пресели во Манчестер. Заинтересиран за услугите на Погба е и Реал Мадрид.

Се вчитува...