Францускиот интернационалец Осман Дембеле ќе мора да замине на нова операција која ќе го оддалечи најмалку четири месеци од фудбалските терени. За него оваа сезона е завршена, а ќе биде повторен хируршки зафат на мускулот на десната нога, идентична операција која му беше направена пред две години само на левиот екстремитет.
Дембеле има скината тетива на мускулот на десната нога и веќе е закажан оперативниот зафат кај д-р Сакари Орава во финскиот град Турку. Тој е специјалист за ваков вид спортски повреди и проценил дека Французинот ќе мора да мине низ хируршки третман.
Дембеле пред две години се опоравуваше 106 дена од истиот вид на повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

