Шеиците нема да жалат пари: Сити би бил страв и трепет со Меси во тимот

Доминацијата на Манчестер Сити на англиската фудбалска сцена сезонава е брутално прекината од Ливерпул, откако тимот на Јирген Клоп веќе во февруари има 22 бода предност во однос на „граѓаните“. Управата на Сити е подготвена да инвестира многу пари во текот на летниот преоден рок, а на врвот на листата со желби се наоѓа токму Лео Меси, откако стана јасно дека Аргентинецот ќе биде достапен за преговори по конфликтот со раководството на Барселона.

Катарските газди ќе немаат проблем да ги задоволат барањата на суперѕвездата на Барса од над 50 милиони евра годишна плата, плус богат бонус за самиот потпис на договорот. Воедно, со ангажманот на Меси би се завршила и уште една голема работа – би се убедил Пеп Гвардиола да потпише нов долгогодишен договор со клубот, бидејќи актуелниот му истекува во јуни 2021 година.

Аргентинскиот голгетер за партнер во нападот би го имал репрезентативниот колега Серхио Агуеро, а убиственото трио би го комплетирал Рахим Стерлинг.

Покрај ангажманот на Меси, Гвардиола подготвува и „ремонт“ во одбранбената линија на тимот. Шкриниар од Интер е главна желба и за неговите услуги е подготвена понуда од 70 милиони фунти, а „граѓаните“ најавуваат и офанзива по Данк од Брајтон, кој игра одлично сезонава.

Тимот сигурно го напушта Давид Силва, кому му истекува договорот, продаден ќе биде и Жоао Кансело, како и дефанзивецот Стоунс, кој се покажа како промашена инвестиција.

Се вчитува...