Елиминација на Реал Мадрид: „Кралот“ посрамотен на „Сантијаго Бернабеу“ во кралскиот Куп

Реал Мадрид доживеа срамна елиминација во четвртфиналето од кралскиот Куп доживувајќи убедлив пораз од 3-4 на „Сантијаго Бернабеу“ од Реал Сосиедад.

Поразот на „кралевите“ беше најавен уште во 22. минута кога Реал Сосиедад стигна до предност со голот на Одегард.

 

Во второто полувреме, Исак двапати стрелаше во 54. и во 56. минута за веќе убедлива предност на гостите од 0-3.

 

Откако Марсело намали на 1-3, во 69. минута и Мерино се запиша во листата на стрелците за Реал Сосиедад.

На крајот, Реал Мадрид успеа да постигна два гола, преку Родриго во 81. минута и Начо во 93. минута, но немаше сила и за израмнување.

Се вчитува...