Постои можност натпреварот против Жалгирис Каунас да биде последен за легендата на Олимпијакос и грчката кошарка, Василис Спанулис.
Спанулис заработи руптура на тетивата на десната нога на мечот против „литванската гордост“, поради која ќе мора на операција, а неговата сезона е завршена. 37-годишникот во април минатата година заработи иста повреда поради која исто така мораше да замине на операција и пропушти неколку месеци.
Легендарниот грчки репрезентативец кој неодамна стана најдобар стрелец во историјата на Евролигата, договорот со Олимпијакос му истекува на крајот на сезоната. Тој кариерата ја почна во далечната 1999 година во Лариса. Во два наврати играше за Панатинаикос, а сезоната 2006/2007 ја помина во НБА во Хјустон Рокетс. Челн на Олимпијакос е од 2010 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА