Евертон не се дава во трката за ЛШ: Триумф и над Кристал Палас (ВИДЕО)

Евертон ја продолжува трката за место во Лигата на шампионите следната сезона, откако во 26. коло од Премиерлигата славеше со 3-1 против Кристал Палас.

Евертон поведе со голот на Бернард во 18. минута. Откако гостите израмнија со погодокот на Бентеке во 51. минута, потоа следеа два гола на „карамелите“ за конечна победа. Најпрво стрелаше Ричаирлсон во 58. минута, а Калверт-Левин во 88. минута и постави конечните 3-1.

Се вчитува...