Фудбалскиот свет вечерва со погледите кон „Џузепе Меаца“ каде Интер и Милан во 23. коло од Серија А ја очекуваат 225-то меѓусебна дерби пресметка.
Голем број фудбалери го делеа дресот на двата тима во минатото, меѓу нив и повратникот Златан Ибрахимовиќ. Голем број фудбалери минале низ редовите на двата италијански гиганти, и без разлика на квалитетот и времињата во кои се наоѓаат страста за големото дерби никогаш не се намалува.
Дел од фактите и за ова 225-то дерби меѓу Интер и Милан:
- Прво градско дерби по враќањето на Златан Ибрахимовиќ во Италија.
- За големата дерби пресметка во Милано продадени се 75.817 билети.
- Шести натпревар на Интер сезонава пред своите навивачи со повеќе од 70.000 гледачи на трибините.
- Интер од продажба на билети заработи 5,5 милиони евра.
- Дерби број 225 меѓу Интер и Милан… Во Серија А нивна 172 пресметка во историјата!
- ТВ пренос во повеќе од 200 земји во светот.
Незаборавен дел од големата дерби пресметка во минатото беше и капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев кој во сезоната 2009/2010 постигна прекрасен погодок од слободен удар во победата на Интер од 2-0, тогаш под водство на Жозе Мурињо.
This beautiful free kick from Goran Pandev sealed 3 points for the Nerazzuri against our city rivals in the 2009/10 season. #InterMilan pic.twitter.com/bYXBNxfBjs
— El Lindaman’s Thick Thighs / Smiley? (@Smiley_1932) February 8, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА