Кире Лазаров беше во главна улога на стартот од групната фаза во ЕХФ-Купот, откако македонскиот репрезентативец го предводеше Нант до триумф од 34-28 над шпанскиот претставник Адемар Леон.
Шпанците добро му парираа на Нант во првото полувреме (17-16), за во второто полувреме Лазаров и соиграчите да наметнат ритам на кој гостите не можеа да одговорат, францускиот состав успеа да се одлепи во раната фаза од полувремето и потоа не му дозволи на Адемар Леон да се врати во мечот.
Македонскиот „бомбардер“ го заврши натпреварот со шест погодоци, а поефикасни од него беа Ривера со девет и Мин со седум постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА