Интер славеше со 4-2 во 225-та дерби пресметка со Милан која дефинитивно ќе остане запаметенa како еднa од најдраматичните во историјата. „Нераѕурите“ до триумфот во 23. коло од Серија А дојдоа со пресврт откако по првите 45 минути имаа негатива од 0-2.
„Миланезите“ до предност од 0-2 пред полувремето дојдоа со головите на Ребиќ во 40. минута и Златан Ибрахимовиќ во 45. минута.
Но, сето тоа што Милан го градеше во првото полувреме го „сруши“ во вториот дел за само две минути. Интер со головите на Брозовиќ и Вецина во 51. и во 53. минута дојде до израмнување…
За да комплетниот пресврт следи во 70. минута кога Де Вриј погоди за водство од 3-2. Лукаку во 93. минута ги постави конечните 4-2.
По оваа победа Интер ја презеде челната позиција на табелата, израмнувајќи се бодовно со Јувентус но со подобра гол разлика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

