Ѕвездата на Тотенхем, Деле Али, се најде во расистички скандал, но овој пат тој е обвинетиот. Англискиот репрезентативец објави серија видеа на социјалната мрежа Snapchat додека бил на аеродромот Хитроу.
На едното од нив тој е со маска на лицето и снима човек од Азија кој е во негова близина. И насловите на видеата имаа навредлива конотација, па Али веднаш беше обвинет дека прави неумесни шеги на сметка на луѓето кои се борат со коронавирусот, а од кој веќе починаа 805 лица.
Деле Али објави изјава во која се извинува за неумесното однесување и ги избриша видеата од профилот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

