Навивачите на Манчестер Јунајтед се надеваат на заминувањето на семејството Глејзер од клубот, меѓутоа за да се случи тоа мора да неколку работи да се исполнат. Јунајтед на листата на Форбс е трет највреден фудбалски клуб во светот. Вредноста се проценува на 3.8 милијарди долари, а пред него се само Реал Мадрид и Барселона.
Меѓутоа, финансиската сила на Јунајтед зависи и од настапите во Лигата на шампионите која е најзначајно клупско натпреварување. Моментално „црвените-ѓаволи“ се осми на табелата во Премиер лигата и се шест бодови оддалечени од четвртопласнираниот Челси. До крајот на сезоната треба да одиграат уште тринаесет натпревари.
Семејството Глејзер повеќе од десет години е сопственик на клубот. Првите неколку години беа навистина неверојатни поради системот кој беше поставен од Сер Алекс Фергусон, но очигледно тие времиња се веќе далечно минато. Финансиската сила на клубот зависи од спонзорските договори, а тие се незадоволни од неконтинуираните настапи во Лигата на шампионите. Британските медиуми информираат како договорот со Адидас го заштитува познатиот произведувач на спортска опрема и доколку Манчестер не избори пласман во елитното натпреварување, германската компанија ќе биде компензирана. Исто така, наводно Шевролет кој е еден од главните спонзори нема да го продолжи договорот.
Овие ситуации би можеле да ја наведат фамилијата Глејзер да го продаде клубот во обид да заработат пред вредноста на клубот дополнително да падне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА