Германскиот интернационалец Кристијан Дисингер во моментот не настапува за РК Вардар поради повреда, а нема намера да остане идната сезона поради финансиската неизвесност во клубот. Тој вели дека ракометарите на европскиот првак немаат земено плата повеќе од шест месеци.
„Многу е компликувано за сите нас во тимот. Најголем дел од ракометарите немаат земено плата повеќе од шест месеци, а понекогаш ни даваат само трошки. Во Скопје може да се преживее и со 300 евра, но навистина е стресно и нервозно кога не ги добиваш заработените пари. Оттаму и не ме чуди што речиси сите играчи на Вардар полека си наоѓаат нови клубови за следната сезона. И мене само чудо би ме задржало во Вардар, а договорот ми завршува во јуни“, изјави Дисингер за германскиот Рајн – Некар Цајтунг.
Изјавата на Дисингер ја пренесоа и најголемиот дел од европските медиуми чија сфера е ракометот. Вардар во следното коло од Лигата на шампионите на домашен терен го пречекува Мотор Запорожје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА