Манчестер Сити во Ерлинг Халанд го гледа наследникот на Серхио Агуеро

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити оваа сезона ја губи шампионската трка со Ливерпул, но има големи планови да се врати на врвот веќе следната сезона. Раководството на „граѓаните“ планира да доведе неколку квалитетни засилувања во летниот преоден рок, а фокусот е кон норвешката голгегерска сензација Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Тој треба да биде наследникот на Серхио Агуеро во Манчестер Сити.

19-годишниот напаѓач дојде во Дортмунд во зимскиот преоден рок и се претстави како голгетерска фурија, постигна осум гола на пет натпревари за „милионерите“ привлекувајќи го вниманието на најголемите европски клубови. Халанд има клаузула во договорот која му овозможува да замине при богата понуда од друг клуб, а за него во редот стојат и Реал Мадрид, Барселона, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед, Јувентус…

Се вчитува...