Шок за Херта: Клинсман си замина по само 76 дена како тренер

Јирген Клинсман ги шокираше навивачите и челниците на Херта откако реши да си поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на берлинскиот бундеслигаш. Тој мина само 76 дена на чело на Херта, на деветте средби од првата лига забележа само три победи, но ја имаше поддршката на раководството.

Токму затоа, изненадувачки делува одлуката што Клинсман ја објави на својот фејсбук профил, да си поднесе оставка од функцијата, а вината да ја побара кај челниците на клубот.

„Како тренер, секогаш ми е најважна довербата на луѓето од клубот за кои работам, нешто што не се случи во Херта. Единство, кохезија и фокусираност, тоа се најважните елементи, особено кога се борите за опстанок. Ако не се гарантирани, јас не можам да го исполнам својот тренерски потенцијал, со самото тоа и не можам да имам одговорност за резултатите. Затоа, по многу размислување донесов одлука да се повлечам од тренерскиот ангажман“, објави Клинсман.

Се вчитува...