РК Вардар доби најголем ваучер, ФФМ пак извиси, МЗТ најголем добитник и МОК ќари од државниот колач

Ракометните клубови и Ракометната федерација на Македонија добиваат ваучери со најголема вредност во распределбата на средства за можност за спонзорирање преку даночни олеснувања што ја прави Агенцијата за млади и спорт за 2020 година. Македонскиот, европски и регионален шампион, РК Вардар е прв на листата добитници со ваучер во вредност од 21.800.000 денари (околу 350.000 евра), веднаш зад него е нашиот претставник во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата, Еурофарм Пелистер со 17.900.000 денари (290.000 евра), следува Металург со 13.900.000 денари (околу 225.000 евра), а високо котира и РК Пролет со 11.900.000 денари (околу 190.000 евра). Ракометната федерација добива ваучер од 22.835.000 денари или 370.000 евра.

Впечатливо е дека на листата добитници на ваучери повторно ја нема Фудбалската федерација на Македонија. Ова се должи на континуираната „војна“ меѓу ФФМ и Агенцијата за млади и спорт. Од фудбалските клубови, најголем ваучер има шампионот Шкендија, а потоа следуваат Вардар, па Академија Пандев, Шкупи, Македонија ЃП, Работнички.

Меѓу кошаркарските клубови најдобро котира првакот МЗТ Скопје Аеродром кој на располагање има ваучер од 15.800.000 денари или 250.000 евра, потоа се Работнички, Куманово, Гостивар, Кожув…

На листата добитници првпат се појавува и Олимписките комитет на Северна Македонија. ОКСМ добива 9.000.000 денари или околу 150.000 евра. Ваучер нема повторно за Пливачката федерација. АМС не доделува ваучер за пливањето бидејќи во пероидов кај нас функционираат паралелно две федерации.

Од индивидуалните спортисти, очекувано најголем ваучер има олимпиецот Магомедгаџи Нуров со 700.000 денари или околу 115.000 евра. Втор спорер висината на вредноста на ваучерот е Владимир Егоров, а потоа е атлетичарот Јован Стојоски.

 

 

Се вчитува...