Тодоров го избра тимот за дуелите со Естонија и со Русија: Малку поинаква и „помлада“ Македонија

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Тодоров го објави скратениот список за квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство 2021 година против Естонија на домашен терен на (20. февруари) и Русија на гости три дена подоцна. Селекторот Тодоров се реши за поголемо подмладување во репрезентацијата во која ќе нема значителен број на кошаркари кои го носеа најголемиот товар во минатите квалификации.

Првиот тренинг на националниот тим во пресрет на квалификациските дуел е закажан за в четврток, дуелот со Естонците на следниот четврток на 20. февруари. Гостувањето во Русија е три дена подоцна. Ненад Димитријевиќ ќе се приклучи на подготовките подоцна, тој ќе почне да тренира в понеделник.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

Војдан Стојановски (Гравелин-Данкерк-Франција)

Шејн Витингтон (Реал Бетис-Шпанија)

Стојан Ѓуроски (Евре-Франција)

Ненад Димитријевиќ (Хувентуд-Шпанија)

Андреј Јакимовски (РМ Баскет Торино–Италија)

Марко Миловановиќ (Јуви Кремона Баскет–Италија)

Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)

Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)

Љубомир Младеновски (Работнички-Скопје)

Виктор Ефремоски (Работнички-Скопје)

Филип Бакоч (Еуро Никел 2005–Кавадарци)

Марко Симоновски

Се вчитува...