Македонскиот второлигаш Охрид во пролетниот дел од сезоната ќе биде посилен за Стојанче Велинов. Офанзивецот кој има прволигашко искуство доаѓа од Брегалница и треба да биде големо засилување за охриѓани во обидот да обезбедат опстанок. Тој неколку дена веќе тренира со составот на Охрид.
Охридскиот второлигаш претходно се засили со Раиф Мирселоски, Бурхан Алији, Шериф Реџепи, Дарко Симјаноски и со Александар Василев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА