„Ел класико“ на луксузен стадион од 1.9 милијарди долари?

Реал Мадрид и Барселона би можеле да одиграат во текот на летото пријателски натпревар во Лас Вегас. „Градот на гревот“ доби стадион вреден 1.9 милијарди долари, а по се најверојатно ќе биде домаќин на „Ел класико“.

Преговорите се во тек за натпреварот кој ќе се одигра во лето и ќе биде предвесник за новата сезона во НФЛ лигата во која од догодина домашните натпревари ќе ги игра тимот на Лас Вегас Рејдерс кој премина од Оукланд. Капацитетот на овој навистина неверојатен стадион изнесува 60.000 места. Покрај, НФЛ тимот на Рејдерс на стадионот своите натпревари ќе ги игра и универзитетскиот тим на Лас Вегас (УНЛВ).

 

Се вчитува...