Селекцијата на Македонија за фудбалери до 18 години предводена од Шкумбин Арслани на 18. и 20. февруари во Скопје ќе одигра два пријателски натпревари со соодветната репрезентација на БиХ.
„На овој двомеч очекувам добра игра и победа на двата натпревари. Од овие натпревари па натака почнуваме со воигрување на тимот кој главно треба да го понесе товарот на квалификациите во октомври, кои ќе се играат во Чешка. Секој од репрезентативците ќе добие своја шанса која треба да ја искористи. На овој собир нема да може да сметам на повеќе играчи, дел поради повреди, дел поради клупски обврски ќе го пропуштат овој двомеч. Но се надевам дека за следните предизвици ќе бидеме комплетни при што ќе можеме да се воиграме подобро и спремни да ги дочекаме предизвиците кои не очекуваат во текот на оваа година” – вели селекторот Шкумбин Арслани.
Селекторот Арслани за двомечот со БиХ повика 23 фудбалери:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА