Директорот на Летните олимписки игри во Токио, Јоширо Мори ги демантираше пишувањата на некои медиуми дека најголемиот спортски настан во 2020 година ќе биде откажан поради коронавирусот.
„По појавата на вирусот низ светот кружат голем број неодговорни лаги, а една од нив е дека ЛОИ нема да се оддржат. Јасно им порачуваме на сите кои сметаат на тоа дека тоа нема да се случи“, изјави Мори.
Јапонската влада е под удар на медиумите бидејќи неуспешно се обиде да го сопре коронавирусот да дојде на јапонско тло. Од вирусот се заболени 60.000 лица, а досега бројката на загинати е 1355.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА