Шејн Витингтон дебитираше во дресот на Македонија под водство на претходниот селектор Јорданчо Давитков. Американскиот крилен центар, кој настапува во шпанскиот прволигаш Бетис, ќе биде дел и од подмладената сeлекција под водство на новиот кормилар Александар Тодоров.
„Мило ми е што повторно сум дел од оваа репрезентација, која сега е значително променета во однос на последните натпревари. Мотивиран сум како и секогаш, да помогнам да се остварат зацртаните цели. Се уште немам разговарано конкретно со селекторот, но желба ми е да се ставам на располагање, да ги исполнам задачите што ќе ми бидат дадени. Кошарката не е спорт за себични и јас никогаш не сум сакал да бидам во центарот на вниманието. Напротив, дојдов овде да им помогнам на моите македонски браќа да се пласираме на ЕП“, изјави Витингтон.
Македонските кошаркари единствената контрола ќе ја имаат в недела, кога за противник ќе го имаат прволигашот Гостивар, меч што ќе биде од затворен карактер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА