Футсал селекцијата против Англија во баражот за место во елитните квалификации за ЕП

Македонската футсал селекција ќе игра против Англија во баражот за место во елитната квалификациската фаза за пласман на ЕП.

Првиот меч, во април, се игра на гостински терен а реваншот ќе се игра во Скопје. Победникот обезбедува место во главната квалификациска фаза за пласман на ЕП 2020 кое ќе се одржи во Холандија.

ДВОЈКИТЕ ЗА БАРАЖОТ ЗА МЕСТО ВО ЕЛИТНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ

Англија – МАКЕДОНИЈА

Швајцарија – Германија

Бугарија – Ерменија

Црна Гора – Литванија

Турција – Грција

Сан Марино – Данска

Израел – Кипар

Се вчитува...