Симоновски: Тренирав напорно иако сум без клуб, ќе дадам се за Македонија

Марко Симоновски низ кариерата решил многу натпревари со прецизни удари од далечина, токму затоа селекторот Александар Тодоров му изрази доверба на поранешниот член на МЗТ Скопје иако тој веќе неколку месеци е без клупски ангажман. Крилниот кошаркар е мотивиран на вистински начин да возврати, помагајќи нашиот национален тим со триумф над Естонија да го отвори новиот квалификациски циклус.

„Без клуб сум извесен период, но максимално сум подготвен за настап. Веќе неколку месеци работам по специјална програма на кондицискиот тренер од Турција кој е ангажиран во репрезентацијата, така што сум стопроцентно спремен да помогнам на репрезентацијата. Настапуваме во подмладен состав, но атмосферата меѓу играчите е одлична, што дава причина за оптимизам пред овие квалификации. Верувам во успех, почнувајќи од дуелот со Естонија, со што би си ја зголемиле самодовербата пред следните натпревари“, изјави Симоновски.

Тој очекува и во најскоро време да потпише и договор со нов клуб, најверојатно од македонскиот шампионат.

„И во изминатиот период без во преговори со клубови од Македонија, но исто така имаше и заинтересирани екипи од странство со кои бев во контакт. Сега сум насочен само на настапите за репрезентацијата, но по оваа пауза во првенството очекувам да потпишам и договор со новиот клуб“, истакнува Марко Симоновски.

Се вчитува...