Мотор има проблеми како Вардар – Украинците ослабени во Скопје

Вардар не е единствениот тим што се соочува со сериозни проблеми со играчкиот кадар во продолжението од Лигата на шампионите, слични главоболки има и тренерот на следниот ривал на „вардарци“, украинскиот првак Мотор.

Двајца ракометари на Мотор, Станислав Жуков и Денер Јанима, веќе заминаа во Спартак Москва, а егзодусот ќе продолжи и во следните денови, откако трансфер во истиот руски прволигаш договорија уште двајца првотимци на украинскиот состав. Поради ова, за утрешниот натпревар со Вардар во Скопје воопшто не допатува првиот голман Виктор Киреев, како и левото крило Игор Сорока.

На местото на Киреев во експедицијата за Скопје се најде младиот Михаил Будко, за кого ова ќе биде деби во Лигата на шампионите, додека Александер Касаи ќе го заземе местото во тимот на Сорока.

 

Се вчитува...