ФФМ го закажа Редовното собрание за 21. март

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната своја седница одлучи да го закаже Редовното годишно собрание за 21. март.

УО на ФФМ одлучи Собранието, на кое на дневен ред треба да биде разгледување на минатогодишните финансиски извештаи како и усвојување на буџетот за новата година, да се одржи во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Управниот одбор донесе одлука и за цената на билетите за бараж полуфиналниот натпревар од Лигата на нациите со Косово кој ќе се игра на 26. март во Скопје. Билетите ќе се продаваат по цена од 300 и 400 денари.

Се вчитува...