Манчестер Сити – Разочарани сме, но не сме изненадени од одлуката на УЕФА

Дисциплинската комисија на УЕФА донесе одлука да го исфрли Манчестер сити од европските натпреварувања две сезони поради бројните финансиски прекршоци. Околу одлуката на УЕФА преку соопштение се огласија од англискиот шампион.

„Разочарани сме, но не и изненадени од одлуката на Дисциплинската комисија на УЕФА. Клубот секогаш бараше непристрасно тело да одлучува околу разгледувањето на непобитните докази. Последователниот недостаток и постојаното пролонгирање на процесот значеше дека има голем сомнеж во одлуката која ќе ја донесе телото. Случајот е инициран од УЕФА која на крајот носи и пресуда. Клубот ќе почне нов просец пред Судот за арбитража во спортот во најран можен рок“, стои во соопштението од клубот. 

Ова е прв случај во Европа, фудбалски гигант од рангот на Манчестер сити да добие ваква казна.

Се вчитува...