Следува „лудница“ во Англија по забраната за настап во ЛШ која ја доби Сити

Манчестер Сити доби забрана за учество во Лигата на шампионите следните две години. „Граѓаните“ се казнети поради кршење на финансискиот фер-плеј, а покрај забраната за настап добија и парична казна од 30 милиони евра.

Клубот веднаш најави жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана, а ако тој ја потврди казната до крајот на Премиер-лигата ќе биде вистинска лудница за местата кои ќе водат во елитното натпреварување следната сезона. Сигурно е дека Сити ќе заврши меѓу четирите најдобри екипи, но по оваа одлука пласман во ЛШ ќе обезбеди и петтопласираниот на табелата.

За оваа позиција има многу кандидати. Во моментот на петтото место е Шефилд Јунајтед, но со оглед на малата разлика во бодови можно е на таа позиција да се најде и некој од клубовите кој е многу подоле на првенствената табела. Шефилд во моментов има 39 бода, и се наоѓа пред Тотенхем, Евертон, Манчестер Јунајтед и Вулверхемптон, тимови меѓу кои ќе се бара последниот патник во Лигата на шампионите.

Се вчитува...